СЕММ го осудува нападот на вице-премиерот Пешевски врз сопственикот на Мактел – 16.07.2015

Како тело коешто е одговорно за воспоставување на процесот на саморегулација во македонските медиуми, залагајќи се за што повисок степен на одговорност кај новинарите и почитување на новинарските стандарди во нивното известување, се прашуваме – како истите да се наметнат во општество во коешто носителите на јавна функција физички напаѓаат заради поставено прашање!?

За да се очекува новинарите да бидат максимално професионални и етични во своето известување, апсолутно дека треба да има демократска клима во којашто функционерите ќе бидат начисто со фактот дека трошат јавни пари и дека имаат обврска да даваат отчет пред јавноста.

Очекуваме г.Пешевски да си поднесе оставка како чин на преземање на одговорност и одлика на демократичност.

Со почит,
Совет за етика на медиумите во Македонија

Scroll to Top