Формирана Медиа НЕТикс – Мрежата на тела за саморегулација во медиумите во Југоисточна Европа – 03.07.2015

Оваа мрежа ќе служи како платформа за регионална соработка и размена на искуства со цел унапредување на квалитетот и професионалноста во медиумите и етичкото новинарство во регионот.

Задача на ова регионално здружение ќе биде подигање на свеста на членките на мрежата, медиумите, медиумските професионалци и општеството во целина, за основните принципи за саморегулацијата и професионализмот, како и разгледување на прекугранични жалби на земјите од регионот.

Претставниците на саморегулаторите донесоа одлука седиштето на мрежата да биде во Црна Гора, а за претседател е избран Ранко Вујовиќ, извршен секретар на Медиумскиот совет за саморегулација на Црна Гора

Scroll to Top