Соопштение до медиумите – 11.06.2015

Членовите на Комисијата за жалби и на Извршната канцеларија кои ќе присуствуваат на презентацијата ќе го промовираат принципот на саморегулација, досегашните искуства на Советот за етика во медиумите и соработката со слични тела во меѓународни рамки.

Настанот ќе биде искористен и за прикажување на поинтересните случаи кои досега биле обработувани од Комисијата за жалби при СЕММ, како и ефектот на медијацијата што е една од главните алатки што ги применува Советот при решавањето на пријавите за непрофесионално и неетичко новинарство.
СЕММ е здружение на граѓани формирано од повеќе медиуми пред една година, а функционално започна со работа пред околу 6 месеци. Главната цел на СЕММ е поголем степен на почитување на етичките стандарди во новинарството, како и поедноставен пристап на јавноста (граѓани, институции и правни лица), до раководствата на медиумите, кога ќе се почувствува некаква повреда на дел од правата или непрофесионално известување. Главното мото на СЕММ е – Колку повеќе саморегулација, толку помалку (државна) регулација.

Настанот ќе се одржи во ресторанот „Рим Париз“, во Куманово, со почеток од 11 часот и е отворен за јавноста.

 

 

Scroll to Top