Членови на комисија

Мирче Адамчевски

Мирче Адамчевски

Мирче Адамчевски е претседател на Комисијата за жалби при СЕММ. Има дипломирано на Технолошко-металуршкиот факултет, отсек – хемиско инженерство. Од ноември 1979 година до ноември 2004 година има работено во дневниот весник “Нова Македонија” како новинар, уредник, дописник од Москва (во период од 6 години 1993-1999 година), и како главен уредник во периодот од 2002 до 2004 година. Од 2004 до 2006 година пишуваше за списанието Порта 3. Од 2006 до 2008 година беше на позицијата претседател на Совет за радиодифузија.

Снежана Трпевска

Снежана Трпевска

Истражувачките интереси на д-р Снежана Трпевска се движат во неколку полиња: методологијата на општествените истражувања, социологијата на масовните комуникации, критичкото мислење и медиумската писменост, медиумската политика и регулација и студиите на новинарството. До јули 2009 година беше вработена во Советот за радиодифузија како Раководител на Секторот за истражување и стратегиски развој. Од 2008 година е ангажирана како професор на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, а од 2013 година на Институтот за комуникациски студии од Скопје. Има учествувано во голем број академски и применети истражувачки проекти поврзани со слободата на изразување и медиумскиот плурализам, медиумската писменост, ставовите и однесувањето на публиката кон медиумските содржини, медиумската концентрација и регулацијата на радиодифузијата, етиката во новинарството и др.

Тамара Чаусидис

Тамара Чаусидис

Тамара Чаусидис е новинарка со долгогодишно искуство во повеќе медиуми (Бирн, ТВ Алсат, Радио Слободна Европа, Македонско Радио), но и со искуство на полето на медиумската саморегулација и новинарската етика. Во 2007 беше избрана за претседател на Советот на честа при Здружението на новинарите (ЗНМ), а искуството од тој ангажман подоцна резултираше со нејзино ко-авторство во изработката на Прирачникот за етиката во новинарството, каде што е автор на неколку поглавја. Чаусидис, како активистка за унапредување на правата на новинарите и условите за работа, учествуваше и во формирањето на првиот новинарски синдикат, по што беше избрана за претседател на ССНМ и ја водеше организацијата во текот на два мандати, до 2018 година.

Жана Божиновска

Жана Божиновска

Жана Поповска Божиновска е новинарка со долгогодишно искуство во неколку медиуми. Со диплома од Економски факултет во Скопје, целиот свој работен век го има поминато во новинарството. Од 1991 до 2000 година работи во НИП „Нова Македонија“, а потоа од 2000 до 2016 година во дневниот весник “Дневник“. И во двата весника работи како новинар во надворешно-политичка рубрика, со посебен акцент на прашањето за името и евроатлантската интеграција на Македонија. Од 2016 до 2022 година работи во порталот МКД.мк, а од 2022 во „Слободен печат“ каде што е одговорен уредник на медиумскиот сервис.

Сефер Тахири

Сефер Тахири

Д-р Сефер Тахири има дипломирано на Катедрата за новинарство на Правниот факултет во Скопје, а магистерски студии завршил на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, на студиската програма Комуникации. Докторските студии ги заокружил на Њујорк Универзитетот-Скопје, со дисертацијата на тема „Влијанието на политичките партии врз уредувачката политика на јавниот радиодифузен сервис-Македонска Радиотелевизија (1998-2006 година)“. Од 2008 година предава неколку предмети од областа на медиумите и комуникациите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Тахири има преку 15-годишно новинарско и уредничко искуство во медиумите: Факти, Македонска радио-телевизија, ТВ Алсат и Радио Слободна Европа. Има учествувано во повеќе истражувачки проекти поврзани со медиумите.

Зеријета Јајага

Зеријета Јајага

Зеријета Хајро Јајага е присутна на медиумската сцена во Македонија над 25 години, како новинар и уредник во Македонската Телевизија. Кариерата во МРТВ ја почна во 1995 година, каде што ја обликуваше својата пракса како репортер и уредник на повеќе теми и интервјуа со значајни личности за општествениот и политичкиот живот. Taa e дел од тимот на Радио Слободна Европа, каде има објавено стотици текстови и анализи на политичките и општествените случувања во земјата, кои ја обележаа поновата историја на Македонија. Зирјета Јајага во исто време е и активист за родова еднаквост и против дискриминација. Hејзината посветеност кон напредокот на медиумската средина се одразува и во проектите и истражувањата во кои има учествувано, за подобрување на медиумските практики и стандарди: Media Sustainability Index, Hate Speech Cases.

Димитар Мицев

Димитар Мицев

Димитар Мицев e дипломиран компјутерски инжинер и магистрант по Менаџмент на стратегиски комуникации. Од 2003-2023г. бeше менаџер и сопственик на регионалната телевизија ВИС, а од 2023 година е основач и главен и одговорен уредник на порталот за информирање, истражувања и анализи Нота.мк. Мицев е еден од основачите и претседател на здружението на локални и регионални електронски медиуми „Медиум објектив“, како и основач на „Институтот за развој на медиумски плурализам“. Неговите истражувања се насочени кон примена на новите новинарски алатки како и кон почитувањето на етичките стандарди во новинарството, во ера на технолошка револуција и вештачка интелигенција.

Scroll to Top