Советот за етика во медиумите на Македонија најостро го осудува вербалниот напад од директорот на топланата Скопје Север кон новинарката на МКД.мк

Советот за етика во медиумите на Македонија најостро го осудува безобразниот и дрзок вербален напад од директорот на топланата Скопје Север, Куштрим Рамадани кон новинарката на МКД.мк, Катерина Додевска.
 
Пцовките, навредите, заканите и целата агресија во таа телефонска комуникација се сведоштво за елементарна лична некултура, но и за општествена атмосфера каде се нормализираат и толерираат овие испади и тоа е она што особено загрижува.
Кога вакви атаци врз медиумите и медиумските работници доаѓаат од страна на јавни функционери тоа дополнително зборува и за целокупната слобода на говор и услови за работа на нашите колеги.
 
СЕММ бара одговорност и оставка од директорот и итна реакција од институциите.
Scroll to Top