Информации, пропаганда, лажни вести: Како етичките стандарди и советите за етика може да помогнат за подобро информирање на граѓаните?

Лаги, манипулации, искривување на фактите, спинови, па дури и сензационалистички претставувања на работите, пропаганди се топ теми кои длабински го окупираат медиумскиот простор.

Целта на лажната вест е да ја замени издржаната, проверена, точна информација, за да се донесат во заблуда консументите. Сосема спротивно на се што еден  медиум треба да го пласира до јавноста. Но, тука често и не станува збор за новинарсто. Зад сите лажни вести или дезинформации, често не стојат новинари, туку лица кои намерно шират лажни вести понесени од најразлични фактори.

Што можат граѓаните да направат во ваква ситуација? Секоја вест што ќе ја прочитаат е да ја земат со доза на резерва. Прво, доколку сакаат да се секогаш точно информирани, да не лутаат по медиумскиот простор, туку секогаш да се насочуваат кон медиумите кои се докажани во својата релевантност, односно да не веруваат во се што ќе прочитаат како и да го проверат изворот на информацијат, односно треба да направат проверка на фактите.

Развојот на интернетот и сите алатки кои ги носи новата ера на медиуми отвори можност за брзо доаѓање до информации кои многу често не се точни. Затоа, секој граѓанин треба да внимава дали ќе чита било што и било каде или пак ќе се насочи на веќе докажаните медиуми.

Во однос на институциите надлежни во овој домен, заедно со советите за етика можат многу да придонесат, но само со здружени сили. Кога сите заедно и координирано ќе дејствуваат во борбата со лажните вести, кога би се поставиле стандарди односно кога би се ограничил медиумскиот простор како треба да изгледа една вест за да биде објавена, тогаш би се намалил и бројот на лажни вести. Оние кои и покрај сите стандарди, дококу не ги почитуваат нормите, следствено е да бидат казнети.

Дополнително, граѓаните, како крајни консументи, може дополнително да се едуцираат и да се подигне свеста кај населението за лажните вести со организирање на масовни кампањи и проекти, организирани од стручни лица и институциите од оваа област.

Сепак, за секоја замисла, за секој чекор во врска со спречуање на лажните вести, очигледно ќе мора и државата за преземе сериозен чекор затоа што во нашиот кривичен законик нема кривично дело за ширење на лажни вести. Што значи дека доколку овој недостаток не се реши, колку и да се вложуваат сите одстанати, на крај секој еден кој што сака да манипулира со јавноста, ќе остане не казнет.

Oвој новинарски текст е подготвен од авторот Елена Бошковска Крстевска ангажирана од Советот за етика во медиумите во Македонија, во рамките на проектот „Медиумска саморегулација: зајакнување на медиумскиот професионализам за јавно добро“ поддржан од УНЕСКО и не ги одразува ставовите на донаторот или нарачателот. 

Scroll to Top