Локација: Скопје
Времетраење на ангажманот: половина работно време во период од 4 месеци, со можност за продолжување
Клучни работни обврски:
– Ги координира активностите предвидени во Проектот
– Комуницира со други партнерски организации во врска со спроведување на Проектот
– Го претставува Проектот во комуникацијата со надворешните соработници
– Управува со севкупната проектна документација и административното и канцелариското работење на Советот;
– Управува со архивата и архивското работење
– Го координира работењето на Проектниот асистент, во согласност со акцискиот план и другите задачи во рамки на Проектот
– Обезбедува логистичко – техничка поддршка на извршната канцеларија и другите тела на Советот;
– Го планира и следи оперативниот буџет за работење на канцеларијата;
– Планира, следи, спроведува, координира и извршува други задачи во врска со потребите на канцеларијата.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
– Високо образование во општествени науки;
– Работно искуство со проекти финансирани од меѓународни донатори во рамки на граѓанска организација или фондација, и тоа најмалку 5 години
– Солидно познавање на Microsoft Office апликации (Word, Excel, Оutlook,Powerpoint);
– Одлично познавање на англиски јазик, а познавањето на албански јазик ќе се смета за предност
– Силни организациски и комуникациски вештини.
Секој заинтересиран треба да поднесе:
- Кратка биографија;
- Детали од работните обврски по позиции;
- Писмо за мотивација;
Потребните документи за аплицирање се испраќаат на следнава електронска адреса: info@semm.mk до 14.07.2017 година до 17:00 часот, со наслов “Апликација за Проектен координатор“.
Само кандидатите/ките кои ги исполнуват критериумите ќе бидат повикани на интервју.