Повик за приклучување во регистарот на професионални онлајн медиуми при СЕММ

Процесот ќе резултира со создавање регистар на професионални онлајн медиуми кој ќе ѝ помогне на јавноста полесно да препознае кои медиуми ги исполнуваат наведените критериуми и се придржуваат до стандардите на етичкото известување при своето работење. Резулатите од креирањето на регистерот ќе бидат соопштени во текот на ноември годинава.

Саморегулацијата на медиумите продолжува да биде заедничка заложба на нашите организации за доброволно воспоставување критериуми и придржување до нив во рамките на процес кој е отворен за јавноста. Во овој процес, освен медиумската заедница, ќе биде вклучена и бизнис заедницата. Кон иницијативата на СЕММ и ЗНМ за за афирмирација на саморегулацијата во онлајн медиумите се приклучи и Стопанската комора на Македонија, а целта на оваа соработка е преку изработката на регистерот да се олесни пристапот до реклами на бизнис заедницата во професионални онлајн медиуми наспроти оние кои не ги исполнуваат критериумите за членство и редовно ги прекршуваат етичките стандарди.

Повеќе информации за зачленување на онлајн медиумите во СЕММ може да добиете на следниот линк; https://semm.mk/chlenstvo/zachlenuvanje-semm и на следниве контакти: info@semm.mk и телефонскиот број 02 3 222 595.

Scroll to Top