Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Институтот РЕСИС имаат потреба од ангажирање млади активисти од сите региони на земјава, кои би сакале да учествуваат во создавање истражувачки и аналитички стории што ќе се објават на онлајн медиумите на заедницата Локал Актив Исток, Локал Актив Вардар и Локал Актив Пелагонија.

Илустративна фотографија / Pixabay
Младите лица кои ќе се пријават на повикот треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- да се на возраст 18 – 29 години;
- да имаат завршено најмалку средно образование;
- да имаат афинитет кон истражување и пишување;
- да имаат интерес и желба да придонесат за локалната заедница во која живеат.
Целта на иницијативата Локал Актив e:
- Да се зајакне капацитетот на постоечките и да се воспостават нови медиуми на заедницата во Македонија што ќе се ангажираат во аналитичко и истражувачко новинарство за заедницата, во промоција на демократијата, човековите права, животната средина и социјалната правда.
- Да се поддржат активистите на локалните граѓански организации, што се дел од медиумите на заедницата, да го прошират и продлабочат нивниот притисок за решавање на локалните граѓански барања.
За младите активисти кои би се вклучиле во изработка на стории за Локал Актив предвиден е финансиски надомест.
Заинтересираните кандидати за овој ангажман треба најдоцна до петок 18 септември 2026 година да достават куса биографија на следните мејл-адреси: