Покана за учество во тендер за набавка на услуги за превод на содржини од македонски јазик на англиски јазик и обратно

Датум: 24.03.2021

Лот број: 5.4 – англиски јазик

Референтен број на проектот: IPA/2020/420-934

Наслов на проектот: Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Северна Македонија

Финансиран од: Европската Унија          

Покана за учество во тендер за набавка на услуги за превод на содржини од македонски јазик на англиски и обратно

Почитувани,

Задоволство ни е да Ве поканиме да ја доставите Вашата понуда за услуги за превод на содржини од македонски јазик на албански јазик и обратно, во согласност со пропозициите наведени во Техничките услови за набавка (Анекс бр.1), што е составен дел на ова писмо за покана.

Информации за тендерот

Постапка: Отворена постапка за понудувачи и директна покана за учество

Тип на договор: Договор за набавка на услуги за превод   

Tендерска документација

Понудата треба да ги содржи следниве прилози:

  • Изјава (Анекс 2, во прилог на писмото за покана),
  • Финансиска понуда (Анекс 3, во прилог на писмото за покана),
  • Портфолио CV / референци за понудувачот, за увид на претходно искуство,


Начин и рок на поднесување на понудата

Понудата со уредно пополнети и потпишани прилози од страна на подносителот може да се достави преку електронска пошта на следнава адреса info@semm.mk, со назнака „Понуда за услуги за превод – Лот број: 5.4 -англиски јазик“.

За дополнителни прашања во врска со понудата, можете да ги испратите преку електронска пошта на следнава адреса info@semm.mk, со назнака „ПРАШАЊЕ за: Лот број: 5.4 – англиски јазик“. Одговорите на прашањата ќе бидат испратени до сите понудувачи до кои е испратено барање за понуда, или пак, веќе доставиле понуда претходно. Рокот за испраќање на прашања е до 29.03.2021, до 15:00 часот.

Крајниот рок за достава на понудата е до (30.03.2021), понеделник, до 16:00 часот.

Основи за исклучување: Како дел од тендерот, понудувачите треба да достават потпишана Изјава, (Анекс 2 во прилог на ова писмо), како доказ дека не се наоѓаат во ниту една од ситуациите за исклучување наведени во Дел 2.4 од документот „Анекс 4 – Набавка за корисници на грантови во рамки на надворешната акција на ЕУ“.


Критериум за избор и доделување на тендерот

Критериумите за доделување на тендерот се врз принципот „најдобра вредност за парите“, односно (best value for money).  Најдобрата вредност за парите се утврдува со оценка на техничката понуда (портфолио на понудувачот за слични услуги) наспроти цената, по принципот 70/30 од 100 можни бодови.

Изборот не е делив, односно не постои можност да биде избран различен најповолен понудувач за неколку ставки од дефинираните видови на услуги за превод, кои се утврдени во „Анекс 4 – табелата за оценување и критериуми“, (наведени подолу). Понудувачот е должен да ги понуди сите ставки според дефинираната табела од „Анекс 4 – табелата за оценување и критериуми“. Некомплетните понуди со понудени цени само за поединечни ставки нема да бидат разгледувани во ниту еден случај:

  • Превод на пишани материјали;
  • Превод на транскрипција на аудио и видео материјал;
  • Симултан превод;
  • Консекутивен превод.

Потпишување на Договор

Избраниот понудувач со најповолна понуда ќе биде известен во електронска форма дека е прифатена неговата понуда во рок од максимум 7 дена од крајниот рок за доставување на понудата. Во рок од 3 дена по приемот на Договорот, веќе потпишан од страна на правниот застапник на Советот за етика во медиумите (СЕММ), избраниот понудувач ќе треба да го потпише договорот и да го врати на Здружението во хартиена форма.

Aнекси:

Aнекс 1 – Технички услови

Aнекс 2 – Изјава

Aнекс 3 – Финансиска понуда

Aнекс 4 – Табела за оценување


Ја очекуваме Вашата понуда до крајниот рок за поднесување.

Ако одлучите да не поднесете понуда, ќе ви бидеме благодарни доколку можете да нè известите писмено, наведувајќи ги причините за Вашата одлука.

 

Со почит,  

potpis

Извршна директорка

Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)

Scroll to Top