Покана за учество во отворен повик за ангажирање локални координатори за организирање на настани и средби на СЕММ

Датум: 15.05.2021

Лот број: 1.5 – Ангажирање локални координатори за организирање настани и средби на СЕММ

Референтен број на проектот: IPA/2020/420-934

Наслов на проектот: Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Северна Македонија

Финансиран од: Европската Унија          

Покана за учество во отворен повик за ангажирање локални координатори за организирање на настани и средби на СЕММ

Почитувани,

Задоволство ни е да Ве поканиме да ја доставите Вашата документација за ангажман како локален координатор за организирање настани и средби со претставници на медиуми, граѓански организации, претставници од јавни институции на целата територија на државата, во осумте плански региони, во рамките на активностите на проектот „Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Северна Македонија“, а во согласност со пропозициите наведени во Техничките услови за набавка (Анекс бр.1), што е составен дел на ова писмо за покана. Проектот е спроведуван од Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).

Информации за тендерот

Постапка: Отворена постапка за понудувачи и директна покана за учество

Вид на повик/постапка: Ангажирање координатори

Тип на договор: Договор на дело, за спроведување на ангажмани објаснети во Анекс бр. 1   

Документација за аплицирање

Понудата треба да ги содржи следниве прилози:

  • Изјава (Анекс 2, во прилог на писмото за покана);
  • Согласност за очекуваните резултати и пријава за регион/региони (Анекс 3, во прилог на писмото за покана);
  • Портфолио – CV од понудувачот;
  • Мотивациско писмо (не подолго од 1 страна).

Начин и рок на поднесување на понудата

Понудата со уредно пополнети и потпишани прилози од страна на подносителот може да се достави преку електронска пошта на следнава адреса: info@semm.mk, со назнака „Понуда за повикот за ангажирање на локални координатори за организирање на настани и средби – Лот број: 1.5“.

Крајниот рок за достава на понудата е до (21.05.2021), петок, до 16:00 часот.

За дополнителни прашања во врска со понудата, можете да ги испратите преку електронска пошта на следнава адреса: info@semm.mk, со назнака „ПРАШАЊЕ за: Лот број: 1.5 – Понуда за повик за ангажирање на локални координатори за организирање на настани и средби“. Одговорите на прашањата ќе бидат испратени до сите понудувачи до кои е испратено барање за понуда, или пак, веќе доставиле понуда претходно. Рокот за испраќање на прашања е до 20.05.2021, четврток, до 13:00 часот.

Основи за исклучување: Како дел од тендерот, понудувачите треба да достават потпишана Изјава, (Анекс 2 во прилог на ова писмо), како доказ дека не се наоѓаат во ниту една од ситуациите за исклучување наведени во Дел 2.4 од документот „Анекс 4 – Набавка за корисници на грантови во рамки на надворешната акција на ЕУ“.


Критериум за избор и доделување на тендерот

Критериумите за доделување на ангажманот се врз принципот на рангирање, во согласност со Табелата за оценување и критериуми (Анекс 4).

За секој плански регион ќе биде избран по минимум еден локален координатор. Врз основа на добиените бодови, ќе биде извршено рангирање на понудувачите, а барателот на услугите ќе ги утврди рангирањата и потребите за ангажманите за одреден регион.

Забелешка: Правилото за избор на координатори за планските региони е преку извршеното оценување и во зависност од потребите на проектните активности планирани во одреден регион. Барателот на услугите го задржува правото да ангажира одреден број на координатори, (1 до 3) за одреден регион, врз основа на потребите за тој регион.

Потпишување на Договор

Избраниот најповолен понудувач ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена во рок од максимум 7 дена од крајниот рок за доставување на понудата. Во рок од 3 дена по приемот на Договорот, потпишан од страна на правниот застапник на Советот за етика во медиуимите (СЕММ), избраниот понудувач ќе треба да го потпише и да го врати на Здружението во хартиена форма.

Aнекси:

Aнекс 1 – Технички услови

Aнекс 2 – Изјава

Aнекс 3 – Очекувана понуда

Aнекс 4 – Табела за оценување и критериуми


Ја очекуваме Вашата понуда до крајниот рок за поднесување.

Ако одлучите да не поднесете понуда, ќе ви бидеме благодарни доколку можете да нè известите писмено, наведувајќи ги причините за Вашата одлука.

 

Со почит,  

potpis

Извршна директорка

Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)

Scroll to Top