Датум: 10.03.2021
Лот број: 1.3
Референтен број на проектот: IPA/2020/420-934
Наслов на проектот: Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Северна Македонија
Финансиран од: Европската Унија
Покана за учество на тендер за избор на Соработник на проект
Почитувани,
Задоволство ни е да Ве поканиме да ја доставите Вашата понуда за вклученост како „Соработник на проект“, во согласност со пропозициите наведени во Техничките услови за набавка (Анекс бр.1), што е составен дел на ова писмо за покана.
Информации за тендерот
Тип на договор: Договор за вклучување на „Соработник на проект“
Tендерска документација
Понудата треба да ги содржи следниве прилози:
- Изјава (Анекс 2, во прилог на писмото за покана),
- Финансиска понуда (Анекс 3, во прилог на писмото за покана),
- Портфолио CV / референци за понудувачот, за увид на претходно искуство,
Начин и рок на поднесување на понудата
Понудата со уредно пополнети и потпишани прилози од страна на подносителот може да се достави преку електронска пошта на следнава адреса info@semm.mk, со назнака „Понуда за услуги за Соработник на проект – Лот број: 1.3“.
Крајниот рок за достава на понудата е до (18.03.2021), четврток, до 16:00 часот.
Основи за исклучување: Како дел од тендерот, понудувачите треба да достават потпишана Изјава, (Анекс 2 во прилог на ова писмо), како доказ дека не се наоѓаат во ниту една од ситуациите за исклучување наведени во Дел 2.4 од документот „Анекс 4 – Набавка за корисници на грантови во рамки на надворешната акција на ЕУ“.
Критериум за избор и доделување на тендерот
Критериумите за доделување на тендерот се врз принципот „најдобра вредност за парите“, односно (best value for money). Најдобрата вредност за парите се утврдува со оценка на техничката понуда (портфолио на понудувачот за слични услуги) наспроти цената, по принципот 80/20.
Потпишување на Договор
Избраниот најповолен понудувач ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена во рок од максимум 7 дена од крајниот рок за доставување на понудата. Во рок од 3 дена по приемот на Договорот, потпишан од страна на правниот застапник на Советот за етика во медиуимите (СЕММ), избраниот понудувач ќе треба да го потпише и да го врати на Здружението во хартиена форма.
Aнекси:
Annex 1 – ToR – Project Affiliate_ENG
Ја очекуваме Вашата понуда до крајниот рок за поднесување.
Ако одлучите да не поднесете понуда, ќе ви бидеме благодарни доколку можете да нè известите писмено, наведувајќи ги причините за Вашата одлука.
Со почит,
Извршна директорка
Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)