Во наредниот период тие ќе работат на подобрување на состојбите во медиумската онлајн сфера преку ревизија и зајакнување на критериумите кои треба да ги исполнува секој професионален онлајн медиум. Исто така, се формира и работна група за заштита на авторски права во медиумската сфера со цел да се застане во заштита на правата на авторите на медиумските продукти.
На средбата на онлајн медиумите за нов член на Управниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија беше избран Бранко Геровски од plusinfo.mk. Геровски е и координатор на Промедиа.
Настанот се организира во рамки на ЕУ проектот „Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Северна Македонија“.