Најголеми прекршувања на Кодексот забележани во онлајн медиумите

Во текот на првите шест месеци од 2022 година се забележани најголеми прекршувања на Кодексот на новинарите во онлајн сферата, тренд кој продолжува од лани. Ова го покажа анализата на Советот за етика во медиумите на Македонија, во која се опфатени споредбени показатели за првата половина од годинава во споредба со првата половина од минатата година. Најголемите прекршувања кои се забележани според статистиката, се во однос на прекршувања на членот 1 од Кодексот, додека прекршувањата во однос на другите членови се помалку.

Инаку, годинава, за разлика од лани, кога најмногу жалители биле граѓаните, годинава, најголем процент на жалители доаѓаат од граѓанските организации и јавните институции.

Анализата е реализирана со поддршка на УНЕСКО во рамките на проектот „Медиумска саморегулација: зајакнување на медиумскиот професионализам за јавно добро“. 

Целата анализа можете да ја погледнете во прилог.

Scroll to Top