Млади од Полошкиот регион споделија искуства за односот кон медиумските содржини

Ова беа само дел од активностите на работилницата за млади што ја организираа Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Институтот РЕСИС преку проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество”, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Средбата, на која младите се запознаа со процесот низ кој се пишуваат стории и се развива активизам на медиумите на заедницата како Локал Актив, беше трета работилница од овој тип по одржаните во Гевгелија и Крива Паланка.

Снежана Трпевска, претседателката на РЕСИС, ја претстави платформата Локал Актив каде новинари, активисти и млади луѓе од различни региони во Македонија се поврзуваат за заеднички да информираат и да работат за решавање проблеми во локалните средини. Таа најави и план во иднина да се отвори нов медиум на заедницата – Локал Актив Полог – чиј фокус ќе биде Полошкиот Регион со стории за проблемите со кои се соочуваат и граѓаните од Гостивар и околината.

Дел од работилницата беше посветен на разговор за изворите од кои се информираат младите, за темите што ги интересираат, дали и колку ги проверуваат информациите што им го привлекуваат вниманието, како и за тоа колку им веруваат на локалните медиуми, но и на инфлуенсерите што ги следат на социјалните мрежи.

Работилница со млади Гостивар 5

 

 

 

 

 

Дискусијата покажа дека проверката на информациите и односот кон содржините на социјалните мрежи се прашања со кои младите секојдневно се среќаваат, а работилницата им даде простор да ги споделат своите искуства и дилеми.

Билјана Георгиевска, извршната директорка на СЕММ се осврна на етичките стандарди во медиумите: кои правила мора да ги почитуваат новинарите, кои принципи најчесто се прекршуваат и што носи модернизираниот и надополнет Кодекс на новинарите на Македонија, промовиран пред неколку месеци. Таа ги запозна учесниците и со улогата на Советот за етика во медиумите на Македонија, како и со важноста на медиумската саморегулација.

Работилница со млади Гостивар 4

Средношколците и студентите, присутни на работилницата, пак, споделија искуства со штетни, злонамерни или лажни содржини на социјалните мрежи и во медиумите со кои се имаат соочено,  а поставуваа и прашања за етичките аспекти во конкретни случаи – од известување за трагични настани до вести што можат да создадат паника.

Работилница со млади Гостивар 8Во вториот дел од работилницата учесниците работеа на предлог-теми за аналитичка новинарска сторија, посочувајќи конкретен проблем во нивната средина, извори на информации што би опишале поширока слика за темата и можности сторијата да придонесе за промени во нивната заедница.

Работилница со млади Гостивар 7

Меѓу предложените теми беа третманот и можностите за решавање на проблемот со голем број бездомни кучиња во Гостивар, сајбербулингот како современ проблем што силно ги засега младите, како и влијанието на социјалните мрежи врз нивниот живот и негативните последици од прекумерната онлајн изложеност.

Последната тема отвори жива дискусија за ефектите што учесниците или нивните пријатели и роднини ги чувствуваат од постојаното користење на дигиталните платформи.

*Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Институтот РЕСИС и на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, „Цивика мобилитас“ или на организациите што ја спроведуваат.

Scroll to Top