Советот за етика во медиумите на Македонија – членка на Алијансата на независни совети за етика во Европа (AIPCE)

 

AIPCE е основана 1999 година во Лондон и оттогаш секоја година се одржуваат конференции – во Германија, Ирска, Малта, Шведска,Кипар, Луксембург, Бугарија, Шкотска, повторно во Германија, Норвешка, Холандија, Русија, Белгија и Израел.
Во изјавата за целите на Алијансата се содржани суштинските уверувања на организациите кои учествуваат во неа:
• дека регулацијата на уредувачката содржина во медиумите треба да биде независна од власта;
• дека регулацијата на медиумските содржини, без разлика дали се национални или регионални медиуми, треба да се заснова на различните култури на нациите;
• дека пишувањето на кодексите на новинарска етика и нивната примена е работа на новинарите и издавачите, кои ги земаат предвид ставовите на јавноста, а не оние на власта;
• дека е можно да се дејствува според универзален кодекс на етика.

Членките на AIPCE одржуваат блиска комуникација со пан-европските организации како што се Европската комисија, УНЕСКО, Советот на Европа и ОБСЕ.

Овогодинешната конференција на AIPCE ќе се одржи во Виена, од 7 до 10 октомври.

Scroll to Top