Отворена Извршната канцеларија на Советот за етика во медиумите на Македонија

Канцеларијата официјално започна со работа во Јануари, 2015 година.

Советот за етика во медиумите на Македонија е саморегулаторно тело кое работи на унапредување и заштита на професионалните стандарди и етиката во медиумите во Република Македонија.


Во рамки на советот дејствува советодавно тело, Комисија за жалби, која одлучува по поднесени жалби за прекршување на професионалните и етичките стандарди во медиумите.

Жалба може да достави секој граѓанин, правни лица и други претставници на јавноста, вклучувајќи ги и новинарите. Адреса за контакт „Митрополит Теодосиј Гологанов“ 54/2, Скопје или преку email: info@semm.mk 

Scroll to Top