Претставници на Советот за етика во медиумите на Регионалната конференција за саморегулација на медиумите во Белград

Претставниците од Советот, Мирче Адамчевски, Филип Ѓурчиновски, Теофил Блажевски, Марина Ѓоргиевска и Семи Мехмети на конференцијата го претставија досегашното работење на СЕММ, како и Кодексот на новинарите и односот меѓу граѓаните и медиумите со фокус на процесот на медијација.

Целта на конферецијата беше унапредување на регионалната соработка и размена на искуства од областа на медиумската етика, како и усогласување на ставовите во врска со официјалната регистрација на регионалната мрежа на тела за саморегулација.
На конференцијата учествуваа претставници од телата за саморегулација од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора, како и претставници од Албанија кои се во процес на формирање на тело за саморегулација.

1

3

5

Scroll to Top