Презентирани Препораките за етичко известување за млади и деца

Препораките предвидуваат медиумите да ја нагласат нивната едукативно-превентивна улога кога известуваат за деца и млади и да ги заштитат од дезинформации, пропаганда или манипулација. Исто така, да обезбедат заштита на децата и младите кога се јавуваат како извори на информација, а не само како жртви, да го заштитат нивниот идентитет и да ја почитуваат презумпцијата на невиност.

megjashi6

На денешното претставување на препораките, директорката на СЕММ Марина Тунева кажа дека Советот продолжува да ја следи работата на медиумите, но и да работи на промоција и надградба на етичките и професионалните стандарди за известување.

„На циклусот средби што се одвиваа во текот на изминатите месеци, како со колегите во медиумите, така и со граѓанскиот сектор беше истакната потребата од одржување највисоки етички и професионални стандарди во однос на заштитата на децата, подобрувањето и афирмацијата на нивните права, без на кој било начин да се наруши слободата на изразување или да се засегне новинарската независност“, изјави Тунева.

Претседателката на Управниот одбор на СЕММ, Катерина Синадиновска нагласи дека препораките се однесуваат на тоа како децата и младите да бидат застапени во медиумските содржини и на каков начин треба да бидат презентирани.

megjashi3

„Кога ги изработувавме овие препораки два моменти ни беа клучни. Едниот е кога не смее младите и децата да бидат застапени во медиумите, односно на каков начин треба да бидат заштитени од јавноста и каде е границата меѓу јавниот интерес и изложувањето на идентитетот на младите и децата.

megjashi5

Другиот беше кога се вклучени и опфатени во известувањето, на каков начин тоа треба да се прави“, истакна Синадиновска. Претседателката на СЕММ додаде дека овие препораки во иднина би послужиле за дополнување на Кодексот на новинари и за изработка на посебно упатство или насоки за известување за деца и млади. 

megjashi4

Претседателот на „Меѓаши“, Драги Змијанац вели дека неопходно е приоритет на сите да биде интересот на детето и да не се прави сензација заради поголема видливост и гледаност на медиумот. 

megjashi2 

Scroll to Top