Датум: 08.10.2021
Лот број: 6.2
Референтен број на проектот: IPA/2020/420-934
Наслов на проектот: Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Северна Македонија
Финансиран од: Европската Унија
Барање за понуда за избор на хотел за одржување на дводневна работилница
Почитувани,
Задоволство ни е да Ве поканиме да ја доставите Вашата понуда за услуги за сместување, храна и работен простор (сала), за организирање на дводневна работилница за потребите и во рамките на активностите за проектот „Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Северна Македонија“, во согласност со пропозициите наведени подолу.
Информации за набавката
Постапка: Отворена постапка за понудувачи и директна покана за доставување на понуда
Вид на постапка: Набавка на хотелски услуги
Тип на договор: Договор за набавка на хотелски услуги.
Термин на одржување
- Пристигање 12.11.2021 по 12:00 часот, (се започнува со ручек)
- Заминување 13.11.2021 по 16:00 часот, (се завршува со ручек).
Потребни услуги за работилницата
- Сместување за 15 до 20 учесници – полн пансион, еднокреветни соби;
- Четири (4) кафе паузи, две првиот ден и две кафе паузи вториот ден;
- Вода за време на работните сесии;
- Работна сала (соодветна согласно тековните протоколи за време на пандемијата, за 20 учесници)
Документација за аплицирање
Понудата треба да ги содржи следниве прилози:
- Изјава (Анекс 2, во прилог на писмото за покана);
- Финансиска понуда (Анекс 3, во прилог на писмото за покана);
- Портфолио на правното лице, (искуство и квалификации во работењето со граѓански и меѓународни организации и организирање на работилници, семинари и работни средби);
- Капацитети и ресурси на правното лице, (Капацитети на хотелот, организациски капацитет, човечки ресурси и др);
Начин и рок на поднесување на понудата
Понудата со уредно пополнети и потпишани прилози од страна на подносителот може да се достави преку електронска пошта на следнава адреса: info@semm.mk, со назнака „Понуда за избор на хотел за одржување на дводневна работилница – Лот број: 6.2“.
Крајниот рок за достава на понудата е до (12.10.2021), вторник, до 16:00 часот.
За дополнителни прашања во врска со понудата, можете да ги испратите преку електронска пошта на следнава адреса: info@semm.mk, со назнака „ПРАШАЊЕ за: „Понуда за избор на хотел за одржување на дводневна работилница – Лот број: 6.2“. Одговорите на прашањата ќе бидат испратени до сите понудувачи до кои е испратено барање за понуда, или пак, веќе доставиле понуда претходно. Рокот за испраќање на прашања е до 12.10.2021, вторник, до 11:00 часот.
Основи за исклучување: Како дел од тендерот, понудувачите треба да достават потпишана Изјава, (Анекс 2 во прилог на ова писмо), како доказ дека не се наоѓаат во ниту една од ситуациите за исклучување наведени во Дел 2.4 од документот „Анекс 4 – Набавка за корисници на грантови во рамки на надворешната акција на ЕУ“.
Критериум за избор и доделување на тендерот
Критериумите за доделување на тендерот се врз принципот „најдобра вредност за парите“, односно (best value for money). Најдобрата вредност за парите се утврдува со оценка на техничкиот капацитет наспроти цената од финансиската понуда, (наведени во Анекс 3), по принципот 60/40 бодови, од вкупно 100.
Потпишување на Договор
Избраниот најповолен понудувач ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена во рок од максимум 7 дена од крајниот рок за доставување на понудата. Во рок од 3 дена по приемот на Договорот, потпишан од страна на правниот застапник на Советот за етика во медиуимите (СЕММ), избраниот понудувач ќе треба да го потпише и да го врати на Здружението во хартиена форма.
Финансиски надомест:
Понудените цени за услугите потребно е да бидат без пресметан ДДВ, имајќи предвид дека Проектот е ослободен од исплата на ДДВ, во согласност со решението од Управата за јавни приходи – УЈП и билатералниот договор помеѓу РСМ и ЕУ, видно од потврдата од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), со број: 20-15/2 од 12.02.2021 год.
Деталите и начините на исплата ќе бидат дефинирани во договорот склучен помеѓу барателот на услугите (СЕММ) и избраниот понудувач.
Aнекси:
Aнекс 1 – Изјава
Aнекс 2 – Финансиска понуда
Aнекс 3 – Табела за оценување и критериуми
Ја очекуваме Вашата понуда до крајниот рок за поднесување.
Ако одлучите да не поднесете понуда, ќе ви бидеме благодарни доколку можете да нè известите писмено, наведувајќи ги причините за Вашата одлука.
Со почит,
Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)