Повик за обучувачи за спроведување работилници за медиумска саморегулација

“Поттикнување на етичкиот пристап во известувањето кај потенцијалните млади новинари”

Предмет: Повик за обучувачи за спроведување работилници за модул: Медиумска саморегулација

Отворениот повик за обучувачи е во рамки на проектот „Поттикнување на етичкиот пристап во известувањето кај потенцијални млади новинари“ – финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Советот за етика во медиумите во Македонија – СЕММ.

  1. Опис на проектот

Целта на овој проект е да се унапреди знаењето и свесноста на студенти идни новинари за етичките и професионалните стандарди во новинарството известување, и да се поттикне интерес кај средношколци за професионалната новинарска етика и да се зголеми нивната информираност за работата на СЕММ и Комисијата за жалби. Според последниот извештај за напредокот на Северна Македонија за 2023 година подготвен од Европската Комисијата стои следното:

“Комуникација за политиката за проширување на ЕУ Националната стратегија 91 и акциониот план за градење отпорност и соочување со хибридни закани (2021-2025) вклучува мерки за справување со дезинформации и хибридни закани. Сепак, напорите за борба против дезинформациите се ограничени. Аудио-визуелниот сектор продолжи да има корист од учеството на земјата во МЕДИА и меѓусекторските насоки на програмата Креативна Европа“.

Од ова заклучуваме дека и натаму е потребно подигање на свесноста за заканите од лажни вести, дезинформации и говор на омраза  што се шират низ медиумите. Младите како особено подложни, заради користењето на социјалните мрежи и медиуми, сметаме дека треба да бидат редовно обучувани за да препознаат и се спротистават на ширењето на дезинформации и  говорот на омраза.

Корисниците на социјалните мрежи често не ги препознаваат и ги споделуваат дезинформациите што се шират во онлајн просторот, поттикнувајќи  вознемиреност во јавноста.

Оттаму, постои потреба од организирање различни облици на едукација меѓу младите, некои од нив и идни новинари,  за принципите и правилата на етичко известување, почитувањето на човековите права во медиумските содржини, начинот на кој функционира саморегулацијата и улогата и активностите на Советот за етика и неговата Комисија за жалби.

Од друга страна, последните децении се повеќе опаѓа интересот кај младите луѓе за професијата Новинар (линк до веста: https://zanimanja.mk/zanimana/novinari/izgledi-za-vrabotuvane/)

 

  1. Делокруг на работа

Вкупен број денови на ангажман: 10 дена

  • 3 консултантски/експертски дена за подготовка на модулот;
  • 5 консултантски/експертски дена за испорака на обуките/работилниците;
  • 2 консултантски/експертски дена за подготовка на извештај и презентација пред тимот на СЕММ.

 

  1. Испораки
  • Изработка на модул за обука на тема „Медиумска саморегулација“
  • Избор и изработка на креативни материјали согласно потребата на обуката.
  • Испорака на 5 обуки во 5 различни образовни институции
  • Сумирање на евалуации од обуката.
  • Поднесување на краток извештај за постигнувања од обуката и презентација пред тимот на СЕММ.

 

  1. Временска рамка

Консултантските денови ќе бидат распределни во периодот меѓу јули и октомври 2024г, во координација со проектниот тим.

 

  1. Надомест

Вкупниот (бруто) надомест за извршените услуги не смее да надминува вкупен бруто износ од 2.000 евра за целокупниот ангажман, односно 200 евра бруто за еден консултантски/експертски ден.

 

  1. Потребни документи
  • Референтна листа на претходни слични ангажмани;
  • СV (професионално резиме) на обучувачот во ЕУ формат на македонски јазик;
  • Предлог план за обука;
  • Финансиски предлог.

 

  1. Процес на селекција

Тимот на СЕММ ќе направи избор на најповолен кандидат/ка согласно највисокиот квалитет за понудената цена.

 

  1. Достава на апликација

Апликацијата (професионално резиме и понуда на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на info@semm.mk со наслов: [Апликација за обука] – „Медиумска саморегулација“, не подоцна од 21 јули (недела) (23:59ч.) 2024г.

 

СЕММ ќе го извести избраниот кандидат не подоцна од 24 јули 2024г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

Линк до повикот

Scroll to Top