На седниците што се одржаа: во Скопје – во рамките на Неделата на медиумска писменост, во октомври 2023, потоа во Битола – во Европската куќа во март оваа годна и во Штип – на Универзитетот “Гоце Делчев” во јуни 2024, присуствуваа голем број новинари, граѓански активисти, студенти, средношколци и професори. Седниците беа тематски со дискусии фокисирани на медиумската писменост и свесноста на граѓаните за прекршувањата на Кодексот на новинарите, на штетноста од „копи-пејст“ новинарството кога се препишуваат цели текстови без да се наведе изворот, и на одговорноста на медиумите при ширењето говор на омраза, особено кога се работи за коментари на социјалните мрежи поврзани со медиумски содржини.

Јавните седници на Комисијата за жалби во текот на 2023/24 година беа овозможени со финансиска поддршка од УНЕСКО, во рамки на регионалниот проект “Градење доверба во медиумите на Југоисточна Европа: поддршка на новинарството како јавно добро”. Овој проект ги опфаќа Советоте за етика во земјите од Западен Балкан -Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Северна Македонија, како и Советот на Турција, со цел во целиот регион да се подигне свеста за неопходноста од квалитетно и одговорно новинарство, како еден од основните столбови на демократското општество.