Во рамките на Проектот се спроведуваа следните активности:
– Распишување на повик за избор на новинарски стории во кои се запазени професионалните стандарди во известувањето, избор и наградување на 3 најуспешни стории.
– Промовирање на најуспешните стории на социјалните мрежи.
– Отворен ден за запознавање со СЕММ и одржување јавна седница на Комисијата за жалби.
– Учество на двајца претставници на СЕММ на годишниот состанок на Алијансата на независни Совети за етика во Европа.
– Организирање на дводневна работилница во Македонија, за споделување на искуства со пет претставника од Албанскиот Совет за етика.
– Организирање на посета на Совет за етика во ЕУ земја, со цел градење на капацитетите на СЕММ и споделување на искуства и предизвиците со кои се соочува Советот.