ЗНМ, ССНМ и СЕММ: МВР и ОЈО да го санкционираат говорот на омраза кон новинари

Во последниве неколку дена, новинарите Борис Георгиевски, Љупчо Поповски и Борјан Јовановски беа предмет на напади, омаловажувања, клевети и говор на омраза на социјалните мрежи поради тоа што имаа свое, поинакво видување на завршните зборови на коментаторот на мечот Грузија – Македонија, Тони Стојановски . Напоменуваме, дека аргументирано изразување на мислење за професионалноста или непрофесионалноста на одредена постапка е слободно изразување и не смее да биде предмет на говор на омраза, впрочем како што не смее да биде предмет на говор на омраза ниту коментаторот Стојановски за неговите завршни зборови .

Претходно предмет на напади и говор на омраза беше и целата редакција на агенцијата Мета, како и вработените во Фондацијата Метаморфозис, а предмет на навреди и напади беше и колегата Боби Христов и тоа по недоличните коментари од страна на претседател на партија и пратеник .

Слободни медиуми и новинари се основа на функционирањето на секое демократско општество, а предуслов за таа слобода е и можноста за работење на медиумските професионалци во атмосфера ослободедна од закани и навреди .

Новинарите работат за јавноста и дозволено е нивните постапки да бидат предмет на критика, но само доколку таа е аргументирана, културна и не предизвикува говор на омраза, повици за загрозување на нивната безбедност и слично .

Истовремено ги повикуваме медиумите, особено дел од онлајн медиумите, да не пренесуваат/објавуваат пораки со пропагандистичка содржина кои ја подгреваат и онака зовриената атмосфера. 

 

unnamed 2unnamed

Scroll to Top