Зачленување на Интернет портали во Советот за етика во медиумите
Советот за етика во медиумите (СЕММ) е во фаза на обновување и ажурирање на своето членство.
Доколку сте заинтересирани за членство, во прилог е формуларот во кој е потребно да ги внесете неопходните информации и да потврдите дека ги исполнувате наведените критериуми за прием на Интернет порталите за членство во СЕММ. Формуларот треба да го доставите со потпис од одговорното лице и печат, (скениран), на електронската пошта: info@semm.mk.