Милена Крстева
Координаторка на програми во Советот за етика во медиумите на Македонија
Милена Крстева е дипломирана економистка на Економскиот факултет при УКИМ, Скопје. Веднаш по дипломирањето започнува со работа како статистичарка во приватниот сектор. Во 2015та прави трансфер во граѓанскиот сектор, каде што работи како финансиска и административна директорка. По проследувањето на обуката за 'Менаџмент и имплементација на проекти финансирани од ЕУ' во 2016та, се здобива со сертификат за менаџирање и имплементирање на ЕУ проекти. Кон тимот на СЕММ се приклучува во март 2023, како Програмска координаторка.