Кристијан Нушков

Проектен координатор

Кристијан Нушков е дипломиран социјален работник. Има речиси дваесетгодишно работно искуство во невладиниот сектор со маргинализирани групи на граѓани како проектен координатор, социјален работник, семеен советник со семејства во социјален ризик како и советник за тестирање на ХИВ/СИДА. Работното искуство го има стекнато во невладините ХОПС, СОС Детско село Македонија и ХЕРА. Има подготвувано и имплементирано повеќе проекти, истражувања и работа на терен, претставување на проектите во земјата и странство, учество во работни групи на локално, национално и меѓународно ниво, спроведување индивидуални и групни едукации, како и подготовка на текстови и содржини за донатори и медиуми. Од ноември 2023 е дел од тимот на Советот за етика во медиумите на позиција Проектен координатор.

Scroll to Top