Стигматизирачки и омаловажувачки пристап на Апасиев кон новинарите

Со своите вчерашни јавни изјави на социјалната мрежа Фејсбук, Апасиев демонстрира пример на тоа како јавна личност не треба да комуницира со новинарите и јавноста воопшто.

Ова не е првпат Апасиев да се служи со ваков говор и да има арогантен однос кон новинарите. Со тоа директно го крши и Кодексот на етичко однесување на пратениците, според којшто во член 6 се наведува дека „пратеникот е должен при извршување на функцијата да се однесува со особено внимание и почитување на личноста и угледот на секој поединец“, истовремено мотивирајќи и други партиски приврзаници, но и други поединци и групи во општеството, на истиот начин да се постават кон новинарите.

Повторно укажуваме и предупредуваме дека со ваквиот говор и настап е возможно да се поттикне насилство кон новинарите, што е апсолутно спротивно со законот, за што одговорност имаат и институциите на системот.

Scroll to Top