Соопштение СЕММ – 14.08.2019

Улогата на власта во демократијата во ниеден случај не смее да значи нивно мешање во работата на новинарите, а ваквите изјави може да се сметаат за отворен притисок и обид за јавна дискредитација на професијата, од која се очекува да даде одговор на прашања од интерес на јавноста.

Во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, работата на новинарите мора да биде ослободена од какви било закани и притисоци, а државата е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да се создаде и одржува поволна клима за слобода на изразување.

Во исто време, ја осудуваме и непримерната изјава на премиерот со која директно се стигматизира ЛГБТИ заедницата во државата, во услови кога оваа заедница долго време се залага за ослободување на јавниот дискурс од дискриминаторен и потценувачки однос.

Scroll to Top