СЕММ се претстави на Фестивалот на граѓански организации

СЕММ учествуваше на овогодинешното 5-то по ред издание на Фестивалот на граѓански организации, што се одржа во Скопје на 25-ти септември.
Над 110 граѓански организации и социјални претпријатија учествуваа на Фестивалот, чија главна тема годинава беше „Враќање на граѓанскиот простор“.
СЕММ на Фестивалот се претстави со свои изданија и публикации на тема лажни вести и промоција на етичките стандарди, кои наидоа на интерес од присутните граѓани и преставници на невладини организации и социјални претпријатија.
Ова за СЕММ беше можност да ја претстави својата работа пред пошироката публика.
Scroll to Top