СЕММ реализира обука за млади новинари од Босна и Херцеговина

За сегментите во коишто дејствува Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и за активностите во насока на афирмација на саморегулацијата говореше извршната директорка на Советот, Марина Тунева. Според неа, редовната соработка со високообразовните установи, со граѓанските организации и медиумите во насока на запознавање со саморегулацијата и начинот на којшто функционираат ваквите механизми е од исклучително големо значење. „Факт е дека е потребно време за целосно прифаќање на медиумската саморегулација, но ако се поддржува тоа значи заштита на интегритетот на медиумите, слободата на изразување, спречување влијанија од центри на моќ, унапредување на професионалноста и активно вклучување на јавноста во работата на ваквите тела“, нагласи директорката на СЕММ.

Свое излагање имаше и Даниел Димитриески, координатор за програми и прием на жалби во СЕММ. Димитриески, ги запознаpresent complaints 3 учесниците на обуката со начините на поднесување претставка до Комисијата за жалби, обработката на жалбите, процесот на медијација меѓу засегнатите страни и начинот на одлучување од Комисијата. Тој ги презентираше и статистичките податоци и трендови поврзани со поднесените жалби и донесените одлуките, посебно осврнувајќи се на најчестите нарушувања на Кодексот. „Во 2020 година добивме значително поголем број на жалби за непрофесионално и неетичко известување во медиумите, речиси двојно повеќе од претходната година. Најголем дел од нив се однесуваат на нарушувањето на членот 1 од Кодексот на новинари, односно се поврзани со еднострано и некоректнно информирање, потоа на нарушувањето на членот 8, односно информирањето на сензационалистички начин“, рече Димитриески.

Присутните учесници најчесто укажуваа на проблемот со ширење дезинформации, говорот на омраза, а особено неговото прелевање од социјалните мрежи, како и на потребата од афирмација на медиумската писменост.

Обуката се спроведува во рамки на проектот „Градење доверба во медиумите во Југоисточна Европа и Турција – фаза 2“ (# TrustinMediaSEE), финансиран од ЕУ, a спроведуван од УНЕСКО.

present complaints 2

Scroll to Top