Повик за експертиза за реализација на Анализа на практиките и предизвиците на медиумското известување преку социјални медиуми

Вовед

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го спроведува проектот Градење доверба во медиумите во Југоисточна Европа и Турција – втора фаза.  Проектот е поддржан од УНЕСКО со финансиска поддршка од ЕУ.

Општата цел на проектот е да ја зајакне борбата против дезинформации и неетичко известување во медиумите, како и да промовира инклузивност во медиумите во Северна Македонија.

Специфичната цел на проектот е да се унапредат капацитетите на граѓаните да се борат против дезинформации во медиумите и да се промовира инклузивност во Северна Македонија.

Пристапот подразбира активности за подигнување на свеста, зајакнување на соработката помеѓу медиумите и граѓаните/јавноста, како и градење на капацитетите во сферата на медиумска саморегулација . Посебен фокус ќе биде ставен на подигнување на свеста кај јавноста, но и кај медиумите за проблемот на ширење на наративи и практики кои се неетични и дискриминаторни, како и недостигот на инклузивност во медиумите.

Предмет на ангажман

Важен чекор за остварување на целите на проектот претставува утврдување на практиките и предизвиците на медиумите во информирање на јавноста преку социјални медиуми. За оваа цел СЕММ бара понуди од квалификувани истражувачи (или компании) да реализираат истражување за начинот на којшто медиумите (членки на Регистарот на професионални онлајн медиуми на СЕММ) ги користат социјалните медиуми за да ја информираат јавноста и предизвиците на коишто наидуваат.

Во рамки на истражувањето треба да се даде одговор на следните истражувачки прашања:

  • Која е просечната дистрибуција на медиумски написи на социјалните медиуми (споредено со веб – страници, печатени изданија, итн.)? Колку се важни социјалните медиуми за јавното информирање? Дали медиумите имаат помало влијание врз процесот на дистрибуција на вести?
  • Дали постојат случаи на отстранување на медиумски написи од социјалните медиуми поради кршење на правилата на платформата? Како засегнатите медиуми се справиле со вакви случаи?
  • Со кои проблеми се соочуваат медиумите при користење на социјалните медиуми?
  • Колку се успешни социјалните медиуми во справување со невистинито информирање? Дали актуелните мерки прават разлика помеѓу медиуми посветени на професионалните стандарди од медиумите кои пласираат невистинити информации и содржини?
  • Дали постои говор на омраза/закани против медиуми/новинари на социјалните медиуми? Дали вакви случаи се пријавувани и дали се адресирани соодветно?

Реализацијата на целите на истражувањето ги вклучува следните задачи:

  1. Реализација на деск истражување (собирање и анализа на секундарни и терцијарни извори на податоци) – истражувања, анализи, медиумски написи, извештаи од регулаторни тела и слично,
  2. Реализација на полу-структурирани интервјуа со најмногу 25 медиуми – членки на Регистарот за професионални онлајн медиуми на СЕММ,
  3. Продуцирање на истражувачки извештај со заклучоци и препораки.

Резултат

Резултат од анализата треба да биде извештај, на македонски јазик, не подолг од 20 страници.

Временска рамка

Краен рок за реализација на обврските е 31 октомври 2021 година.

Потребни квалификации и вештини на експертот (или тимот)

Понудувачот треба да предложи најмалку еден (1) клучен експерт, со следните вештини и квалификации:

Општи вештини и квалификации

  • Високо образование во областа на општествените науки.
  • Најмалку 3 години искуство во истражувања.
  • Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик.

Специфични вештини и квалификации

  • Учество во најмалку две истражувања на медиуми.
  • Учество во истражувања поврзани со саморегулација на медиуми.

Буџет

Вкупен буџет за реализација на анализата 1.875 $ (долари), бруто износ и ги вклучува сите трошоци за реализација на истражувањето (истражувачки хонорар, даноци, патни трошоци, трошоци за комуникација и слично).

Пријавување

Ве молиме испратете мотивациско писмо и CV од клучниот експерт (или тим) и истражувачко портфолио на организацијата (доколку понудувачот е правно лице) на info@semm.mk, со предмет на пораката „Анализа на практиките и предизвиците на медиумското известување преку социјални медиуми“ не подоцна од 10 октомври 2021 година.

Scroll to Top