Повик за експерти за креирање прирачник за дезинформации

ПОВИК

за ангажирање експерти кои ќе креираат онлајн прирачник со уредувачки насоки за проверка на фактите и информациите во областа на безбедноста, придружено со план за комуникација и креирање визуелни слики за кампања на социјалните медиуми

Понудувачот (правно или физичко лице/лица) треба да подготви онлајн прирачник со уредувачки насоки и најдобри практики за проверка на факти и информации во областа на безбедноста што ќе им служи на медиумите и други заинтересирани страни за разобличување на дезинформнации во областа на безбедноста и одбраната. Прирачникот треба да се потпира на извештаите од спроведените фокус групи и обуки за новинари, спроведени од СЕММ, во соработка со Амбасадата на САД во Скопје, во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на медиумите против дезинформациите во Северна Македонија“ чија цел е поттикнување на новинарите и медиумските професионалци ефикасно да се спротивстават на дезинформациите и подобрување на квалитетот на медиумските содржини поврзани со безбедноста.

Во периодот март-јуни 2024 година, група обучувачи спроведоа 2 фокус групи и  2 дводневни обуки со новинари со цел да ги подобрат вештитините за проверка на факти за разобличување на дезинформации, да ги подобрат нивните истражувачки капацитети за дезинформациски наративи и да креираат јасни и разбирливи содржини што ефикасно ќе комуницираат со публиката.

Опис на задачите:

  • Изработка на уредувачки насоки за проверка на информации во областа на безбедноста.
  • Подготовка на онлајн издание за уредувачки насоки на македонски јазик и албански јазик.
  • Соработка со проектниот тим и други експерти од областа.
  • Изработка на онлајн верзија на прирачникот.
  • Учество на завршниот настан на проектот.
  • План за комуникација и креирање визуелна кампања за промоција на прирачникот на социјалните мрежи.

Понудата треба да се достави во електронски формат на следната мејл-адреса: info@semm.mk

најдоцна до  понеделник 15 јули 2024, 24:00h.

Детални информации и опис на активности поврзани со овој повик можат да се најдат на следниот линк:https://semm.mk/povik-za-eksperti-za-kreiranje-priracnik-za-dezinformacii/

Табела за евалуација на понуда
Повик за експерти за УСА проект 02.07.2024

                                    

Scroll to Top