Принципите на вистинитост иобјективност
– Што подразбира потрага по вистината и коректно известување, преку пренесување на фактите на јасен и недвосмислен начин. Во случај на објавување погрешни информации, медиумот ќе стори се’ за да ги коригира таквите информации.
Принципот на избалансираност
– Што подразбира претставување наразличните ставови и гледишта во вистинскиот контекст и без заземање страна кон кој било кандидат, партија или коалиција.
Принципот на јасна дистинкција меѓу информациите и коментарите
– Што подразбира дека информациите ќе се обликуваат на начин што на публиката ќе и биде јасна разликата меѓу фактите и гледиштата и мислењата.
Принципите на чесност и независност
– Што подразбира дека медиумот ќе користи чесен пристап водобивањето информации и во нивното презентирање, избегнувајќи сензационалистички прикази на темите и настаните, како и погрешни претпоставки кои би можеле да ја доведат јавноста во заблуда.
Принципот на професионална солидарност
– Во својата работа медиумот ќе ги поттикнува заемната солидарност и различноста на ставовите и нема да дејствува на начин што ќе значи пресметка со другите медиуми и колеги.
Принципот на уредувачка независност и професионален интегритет
– Медиумот се обврзува да известува на начин што ќе биде независен од какви било лични гледишта, надворешни интереси и влијанија што би можеле да ја поткопаат уредувачката независност и професионален интегритет.
Принципот на почит и толерантност
– Што подразбира почит на достоинството, угледот, правата и личниот интегритет на поединците во информирањето на јавноста. Медиумот во своето известување нема да се служи со стереотипи, предрасуди и потценување по која било основа и нема да се служи со говорот на омразата и потпалувачки говор.
Принципот на слобода и одговорност
– Што подразбира дека слободата им наметнува одговорност на медиумите за формата и содржината на пораките што ги упатуваат кон јавноста и последиците кои произлегуваат од нив врз поширокото општествено опкружување.
Потписниците на оваа Повелба се согласни дека ќе се придржуваат до нејзините принципи и активно ќе се залагаат за афирмирање на етиката и професионалноста во известувањето.