Покана за учество во тендер за набавка на услуги за дизајн и изработка на промотивни материјали

Датум: 08.04.2021

Лот број: 5.3

Референтен број на проектот: IPA/2020/420-934

Наслов на проектот: Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Северна Македонија

Финансиран од: Европската Унија          

Покана за учество во тендер за набавка на услуги за дизајн и изработка на промотивни материјали

Почитувани,

Задоволство ни е да Ве поканиме да ја доставите Вашата понуда за услуги за дизајн и изработка на промотивни материјали за потребите и во рамките на активностите за проектот „Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Северна Македонија“, во согласност со пропозициите наведени во Техничките услови за набавка (Анекс бр.1), што е составен дел на ова писмо за покана.

Информации за тендерот

Постапка: Отворена постапка за понудувачи и директна покана за учество

Вид на тендерска постапка: Набавка на услуги и материјали (продукти)

Тип на договор: Договор за услуги за дизајн и изработка на промотивни материјали   

Tендерска документација

Понудата треба да ги содржи следниве прилози:

  • Изјава (Анекс 2, во прилог на писмото за покана);

  • Финансиска понуда (Анекс 3, во прилог на писмото за покана);

  • Портфолио на правното лице, (презентирано искуство и квалификации во дизајнирање и принтање на промотивни материјали и продукти);

  • Капацитети и ресурси на правното лице, (организациски капацитет, човечки ресурси и др);

  • Референтна листа на спроведени проекти исти и/или слични на предметот на набавка;

  • Препораки од претходни клиенти за сличен вид и обем на работа.


Начин и рок на поднесување на понудата

Понудата со уредно пополнети и потпишани прилози од страна на подносителот може да се достави преку електронска пошта на следнава адреса: info@semm.mk, со назнака „Понуда за услуги за дизајн и изработка на промотивни материјали – Лот број: 5.3“.

Крајниот рок за достава на понудата е до (15.04.2021), четврток, до 16:00 часот.

За дополнителни прашања во врска со понудата, можете да ги испратите преку електронска пошта на следнава адреса: info@semm.mk, со назнака „ПРАШАЊЕ за: Лот број: 5.3 – Понуда за услуги за дизајн и изработка на промотивни материјали“. Одговорите на прашањата ќе бидат испратени до сите понудувачи до кои е испратено барање за понуда, или пак, веќе доставиле понуда претходно. Рокот за испраќање на прашања е до 13.04.2021, вторник, до 15:00 часот

Основи за исклучување: Како дел од тендерот, понудувачите треба да достават потпишана Изјава, (Анекс 2 во прилог на ова писмо), како доказ дека не се наоѓаат во ниту една од ситуациите за исклучување наведени во Дел 2.4 од документот „Анекс 4 – Набавка за корисници на грантови во рамки на надворешната акција на ЕУ“.

Критериум за избор и доделување на тендерот

Критериумите за доделување на тендерот се врз принципот „најдобра вредност за парите“, односно (best value for money).  Најдобрата вредност за парите се утврдува со оценка на техничкиот капацитет наспроти цената од финансиската понуда, (наведени во Анекс 4 и Анекс 3), по принципот 65/35 бодови, од вкупно 100.

Потпишување на Договор

Избраниот најповолен понудувач ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена во рок од максимум 7 дена од крајниот рок за доставување на понудата. Во рок од 3 дена по приемот на Договорот, потпишан од страна на правниот застапник на Советот за етика во медиуимите (СЕММ), избраниот понудувач ќе треба да го потпише и да го врати на Здружението во хартиена форма.

Aнекси:

Aнекс 1 – Технички услови

Aнекс 2 – Изјава

Aнекс 3 – Финансиска понуда

Aнекс 4 – Табела за оценување

Ја очекуваме Вашата понуда до крајниот рок за поднесување.

Ако одлучите да не поднесете понуда, ќе ви бидеме благодарни доколку можете да нè известите писмено, наведувајќи ги причините за Вашата одлука.

 

Со почит,  

potpis

Извршна директорка

Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)

Scroll to Top