Оглас за вработување-Проектен координатор во СЕММ

Работна позиција: Проектен координатор

Локација: Скопје 

Времетраење: определено (шест месеци, со можност за продолжување на работниот ангажман)

Клучни работни обврски:

  • Управување со административното  и канцелариското работење на Советот
  • Управување со архивата и архивското работење на Советот
  • Планирање и координација на логистичкото и техничкото функционирање на Извршната канцеларија
  • Планирање и следење на оперативниот буџет за работење на канцеларијата
  • Комуникација со релевантни институции, оранизации, соработници и со граѓаните за потребите на Советот
  • Kомуникација и дневно работење во врска со финансиско-административни прашања
  • Планирање и следење на оперативниот буџет за работа на канцеларијата и подготовка на финансиски планови
  • Учество во реализација на програмските и проектните активности на Советот
  • Учество во подготовка на планови и програми за развој на Советот
  • Следење на известувањето во медиумите и подготовка на прес-клипинг
  • Учество во содржинско уредување на веб-страницата и профилите на социјалните мрежи на Советот.

 

Потребни квалификации:

  • Високо образование;
  • Работно искуство со проекти финансирани од меѓународни донатори во рамки на граѓанска организација или фондација и тоа најмалку 3 години
  • Солидно познавање на Microsoft Office апликации (Word, Excel, Outlook, Powerpoint);
  • Одлично познавање на англиски јазик, усна и писмена комуникација
  • Силни организациски вештини
  • Способност за тимска работа

Заинтересираните е потребно да поднесат:

  • Биографија
  • Писмо за мотивација
  • Најмалку една препорака.

Документите за аплицирање потребно е да се испратат на следнава електронска адреса: konkurs@semm.mk , со наслов “Апликација за Проектен координатор“, дo 31.12.2022 година (среда), до 17:00 часот.

Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на интервју. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса. Без телефонски јавувања.

Scroll to Top