Помлад координатор на програми, на определено време (замена за породилно отсуство)
Локација: Скопје
Времетраење: определено на 9 месеци (полно работно време)
Клучни работни обврски:
– Управување со административното и канцелариското работење на Советот
– Управување со архивата и архивското работење на Советот
– Планирање и координација на логистичкото и техничкото функционирање на Извршната канцеларија
– Планирање и следење на оперативниот буџет за работење на канцеларијата
– Комуникација со релевантни институции, оранизации, соработници и со граѓаните за потребите на Советот
– Kомуникација и дневно работење во врска со финансиско-административни прашања
– Планирање и следење на оперативниот буџет за работа на канцеларијата и учество во подготовка на финансиски планови
– Учество во реализација на програмските и проектните активности на Советот
– Учество во подготовка на планови и програми за развој на Советот
– Следење на известувањето во медиумите и подготовка на прес-клипинг
– Учество во содржинско уредување на веб-страницата и профилите на социјалните мрежи на Советот.
Потребни квалификации
- Високо образование
- Работно искуство со проекти финансирани од меѓународни донатори во рамки на граѓанска организација или фондација, и тоа најмалку 5 години
- Солидно познавање на Microsoft Office апликации (Word, Excel, Outlook, Powerpoint)
- Одлично познавање на англиски јазик, усна и писмена комуникација
- Силни организациски и комуникациски вештини
- Способност за тимска работа
Заинтересираните е потребно да поднесат:
3. Детали од работните обврски по позиции
4. Референци од претходни работни места.
Документите за аплицирање потребно е да се испратат на следната електронска адреса: info@semm.mk, до 15.09.2017 година до 17:00 часот.
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса. Кандидатките и кандидатите ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот по електронски пат 8 дена по затворање на конкурсот.