Оглас за вработување на едно лице (Завршен)

Датум: 05.11.2021

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) објавува оглас за вработување на едно лице на работно место

Проектен координатор, на определено време (замена за породилно отсуство)

Локација: Скопје

Времетраење: определено (полно работно време)

Клучни работни обврски:

  • Управување со административното  и канцелариското работење на Советот
  • Управување со архивата и архивското работење на Советот
  • Планирање и координација на логистичкото и техничкото функционирање на Извршната канцеларија
  • Планирање и следење на оперативниот буџет за работење на канцеларијата и учество во подготовка на финансиски планови
  • Комуникација со релевантни институции, оранизации, соработници и со граѓаните за потребите на Советот
  • Kомуникација и дневно работење во врска со финансиско-административни прашања
  • Учество во реализација на програмските и проектните активности на Советот
  • Учество во подготовка на планови и програми за развој на Советот
  • Следење на известувањето во медиумите и подготовка на прес-клипинг
  • Учество во содржинско уредување на веб-страницата и профилите на социјалните мрежи на Советот.

Потребни квалификации

  • Високо образование
  • Работно искуство со проекти финансирани од меѓународни донатори во рамки на граѓанска организација или фондација, и тоа најмалку 3 години
  • Солидно познавање на Microsoft Office апликации (Word, Excel, Outlook, Powerpoint)
  • Одлично познавање на англиски јазик, усна и писмена комуникација
  • Силни организациски и комуникациски вештини
  • Способност за тимска работа

Заинтересираните е потребно да поднесат

  1. Кратка биографија (Детали од работните обврски по позиции
  2. Писмо за мотивација

Документите за аплицирање потребно е да се испратат на следната електронска адреса: info@semm.mk,  до 11.11.2021 година до 12:00 часот.

Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на онлајн интервју (разговор), поради ковид протоколите. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса. Кандидатките и кандидатите ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот по електронски пат во најбрз можен рок по затворање на конкурсот.

Со почит,  

Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)
etikapress