Членките кои ќе пристапат кон Мрежата на утрешниот настан ќе ја потпишат Декларацијата против говор на омраза во медиумите.
На настанот ќе се обратат:
- Амбасадорот Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
- Марина Тунева, извршна директорка на Советот за етика во медиумите
- Катерина Синадиновска, претседателка на Управниот одбор на СЕММ
- Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби при СЕММ.
Декларацијата ќе ја потпишат и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, како и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.