Модели на организирање на членството во телата за саморегулација во медиумите

Во поединечни случаи при поставувањето на принципите на функционирање, неопходно e да се земат предвид и законодавството во оваа сфера (доколку го има), културата, традицијата во областа на медиумите, степенот на слобода во медиумите итн. Во повеќето држави, советите за етика се воспоставуваат и нивните членови се избираат меѓу главните засегнати страни, независно од конкретното законодавство.

Предмет на оваа анализа е начинот на којшто се застапени овие клучни актери во  управните органи на советите за етика, а особено системот на дистрибуција на гласовите и моќта на одлучување во највисокиот орган – Собранието. Препораките од оваа анализа би можеле да послужат во процесот на можно приспособување на моделот на организација на работата на Собранието на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).

Модели на организирање на членството во телата за саморегулација во медиумите
Scroll to Top