Модели на организирање на членството во телата за саморегулација во медиумите
Во поединечни случаи при поставувањето на принципите на функционирање, неопходно e да се земат предвид и законодавството во оваа сфера (доколку го има), културата, традицијата во областа на медиумите, степенот на слобода во медиумите итн. Во повеќето држави, советите за етика се воспоставуваат и нивните членови се избираат меѓу главните засегнати страни, независно од конкретното законодавство.
Предмет на оваа анализа е начинот на којшто се застапени овие клучни актери во управните органи на советите за етика, а особено системот на дистрибуција на гласовите и моќта на одлучување во највисокиот орган – Собранието. Препораките од оваа анализа би можеле да послужат во процесот на можно приспособување на моделот на организација на работата на Собранието на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).