Во околности кога континуирано расте бројот на лица коишто се новозаразени со коронавирусот, од медиумите се очекува подеднакво да учествуваат во заложбите за зголемување на довербата на граѓаните во мерките за заштита на нивното здравје, преку коректно, урамнотежено и професионално информирање.
Секое користење на медиумите како платформа за ширење апели на поединци и групи кои повикуваат на избегнување на мерките за заштита е во спротивност со нивната улога како значаен актер во адресирањето на дезинформациите и пропагандата.
Имајќи предвид дека вакцинацијата е тема којашто предизвикува различни интерпретации кај граѓаните, особено е важно луѓето да добиваат информации од извори на кои можат да им веруваат, коишто се засноваат на факти и помагаат во носењето рационални одлуки околу нивното здравје.