Креирањето на Регистарот на професионални онлајн медиуми на СЕММ и ЗНМ

Креирањето на Регистарот на професионални онлајн медиуми на СЕММ и ЗНМ, во Извештајот за глобалната слобода на медиумите за 2020 година на Репортери без граници, се оценува како иновативно постигнување.

Со оваа иницијатива се промовира саморегулацијата на онлајн медиумите од кои се очекува да го почитуваат Кодексот на новинарите и одлуките на Советот за етика во медиумите.

Во моментот, Регистарот брои над 100тина членови. Процесот на зачленување медиуми е отворен, а повеќе информации околу правилата за членство се достапни на: https://semm.mk/chlenstvo/pravila-za-chlenstvo

Scroll to Top