Како резултат на средбите што се одржаа во периодот февруари – март 2021 година подготвен е план за координација околу следење, анализа, осудување и подигнување на свеста/информираноста за појавите поврзани со безбедноста и заштитата на новинарите и медиумските работници.
На средбите се дискутираше за потребата од заедничка координација во реакциите кога станува збор за напади, закани и притисоци врз новинарите и медиумските работници како проблем којшто може да доведе до самоцензура и нарушување на професионализмот во новинарското известување. Токму поради таквите притисоци и закани, новинарите се воздржуваат од следење на одредени прашања и теми поради ризикот да бидат малтретирани или загрозени. Ризикот да бидат изложени на навредливи забелешки, исто така, резултира со самоцензура.
Во Планот се содржани главните точки на координација меѓу трите организации.