Јавен повик за доставување понуди за обезбедување услуги – подготовка на Прирачник

ОПИС

Проектот на УСАИД за граѓанско учество го зајакнува дијалогот меѓу граѓаните и Владата за важни социјални прашања. Проектот го зајакнува конструктивното учество на граѓанските организации во врска со политики и прашања насочени кон антикорупција, транспарентност и владеење на правото, и го зголемува и одржува младинското учество во јавниот живот во Северна Македонија.

Во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ја спроведува активноста “Медиумска етика и антикорупција?”, чија цел е намалување на корупцијата во медиумите во Северна Македонија, со посебен фокус во онлајн медиумите.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Целта на ангажманот е подготовка на Прирачник/Насоки за превенција од корупција и промовирање на етиката во медиумите, како и ревидирање на постоечката етичка рамка.

Реализацијата на целите на ангажманот ги вклучува следните задачи:

  • Дефинирање на методологија за подготовка на Прирачникот за превенција од корупција и промовирање на етиката во медиумите;
  • Подготовка на Прирачник што треба да ги адресира проблемите и решенијата за справување со коруптивни практики и примена на евентуално нови дефинирани етички стандарди за прием на нови членки во Регистарот на професионални медиуми на СЕММ, како што е наведено во горенаведениот проект.

КРИТЕРИУМИ

Експертот може да биде физичко лице, а потребно е да има искуство во испорака и обезбедување услуги кои се предмет на набавката.

Критериуми за експерт:

  • Најмалку 5 години професионално работно искуство во изработка на документи (прирачници, водичи, документи за јавни политики итн.),
  • Познавања на проблемите и предизвиците во медиумската сфера,
  • Развиен стил за академско пишување,
  • Вештини за спроведување на анализа, истражување и пренос на информации во пишана форма;

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ

Периодот на спроведување на задачите е 07.06.2022 –15.06.2022. Точните датуми за активностите и целокупната динамика ќе се утврдат во договор со СЕММ.

ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

Ги покануваме сите заинтересирани субјекти да достават понуда за горенаведениот јавен повик.

Понудата треба да ги содржи следните елементи:

  • Портфолио на реализирани услуги, слични на повикот, во последните 5 години;
  • Техничка понуда /методологија
  • Финансиска понуда;
  • Биографија на клучниот експерт (претставена на некој од општо прифатените обрасци);

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Изборот на експертот ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда. Во прилог е претставен уделот на секоја од компонентите на понудата во финалната оценка за избор.

Категорија  удел
Експертиза на понудувачот во наведената област  40%
Предложен пристап и методологија  40%
Финансиска понуда  20%
ВКУПНО  100%

НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

Понудата се доставува по електронски пат, целокупната скенирана документација се доставува на следната е-пошта: info@semm.mk, со назнака: Пријава за Прирачник за антикорупција во медиумите

Краен рок на доставување на понудите е 05.06.2022 година.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се формулирани според условите на повикот нема да бидат земени предвид.

Scroll to Top