ОПИС
Проектот на УСАИД за граѓанско учество го зајакнува дијалогот меѓу граѓаните и Владата за важни социјални прашања. Проектот го зајакнува конструктивното учество на граѓанските организации во врска со политики и прашања насочени кон антикорупција, транспарентност и владеење на правото и го зголемува и одржува младинското учество во јавниот живот во Северна Македонија.
Во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ја спроведува активноста “Медиумска етика и антикорупција”, чија цел е намалување на корупцијата во медиумите во Северна Македонија, со посебен фокус во онлајн медиумите.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ
Целта на ангажманот е реализација на кратко видео во кое ќе се проценат предизвиците поврзани со корупцијата и етиката со кои се соочуваат онлајн медиумите во Северна Македонија.
Реализацијата на целите на ангажманот ги вклучува следните задачи:
- Подготовка на сценарио за потребите на видеото;
- Собирање и анализа на податоци – собирање податоци и изјави за изработка на видеото во кое ќе бидат вклучени елементите/наодите наведени во претходно изработен Прирачник кој ги адресира проблемите и решенијата за справување со коруптивни практики и примена на етички стандарди во онлајн медиумите во Република Северна Македонија, како што е наведено во горенаведениот проект.
- Видеото да е во времетраење од најмногу 5 минути.
- Да се изработи двојазично, на македонски и албански јазик (со титл)
КРИТЕРИУМИ
Експертот може да биде физичко лице или правен субјект, а потребно е да има искуство во испорака и обезбедување услуги кои се предмет на набавката.
Критериуми за експерт:
- Најмалку 5 години професионално работно искуство во реализација на новинарски видео содржини и истражувања во видео формат; подготовка на документарци; за предност ќе се смета претходно искуство во истражувачко новинарство.
- Вештини за анализа, истражување и пренос на информации во видео форма;
- Познавање на проблемите и предизвиците во медиумската сфера,
- Капацитет за реализација на квалитетни видео содржини во краток временски рок.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ
Периодот на спроведување на задачите е 15.06.2022 –25.06.2022. Точните датуми за активностите и целокупната динамика ќе се утврдат во договор со СЕММ.
ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ
Ги покануваме сите заинтересирани субјекти да достават понуда за горенаведениот јавен повик.
Понудата треба да ги содржи следните елементи:
- Портфолио на реализирани услуги во последните 5 години;
- Техничка понуда (за правни субјекти и физички лица);
- Финансиска понуда (за правни субјекти и физички лица);
- Биографија на клучниот експерт (претставена на некој од општо прифатените обрасци), (за правни субјекти и физички лица);
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
Изборот на експертот ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда. Во прилог е претставен уделот на секоја од компонентите на понудата во финалната оценка за избор.
Категорија | удел |
Експертиза на понудувачот во наведената област | 40% |
Предложен пристап и методологија | 40% |
Финансиска понуда | 20% |
ВКУПНО | 100% |
НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
Понудата се доставува по електронски пат, целокупната скенирана документација се доставува на следната е-пошта: info@semm.mk, со назнака: Пријава за Прирачник за антикорупција во медиумите
Краен рок на доставување на понудите е 10.06.2022 година.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се формулирани според условите на повикот нема да бидат земени предвид.