Според одлуката, одговорност за навреда и клевета има главниот и одговорен уредник на издавачите на електронските публикации и воопшто сите останати видови електронски медиуми за содржини објавени во истите.
Со оваа измена се штити и јавноста од непрофесионално новинарство, а истовремено сите граѓански судови се обврзани да ги штитат и онлајн медиумите кои работат во согласност со Етичкиот кодекс на новинарите.
Заклучокот е во согласност со праксата на Европскиот суд за човекови права, а индиректно треба да помогне за да се стишат обидите на политичките партии да иницираат дополнителна регулација на онлајн медиумите, со што може да се ограничи слободата на изразување.