Вештачката интелигенција треба да служи како алатка што ги поддржува новинарите и редакциите, но не како замена за професионален суд или уредничката одговорност! Ова е главниот заклучок на претставниците на Советиоте за етика во медиумите од земјите на Западен Балкан, содржан во Декларацијата за етичка и транспарентна употреба на ВИ во новинарствсото. Советите, чии претставници неодамна се сретнаа на регионална конференција во Охрид, се заложија дека ќе работат на унапредување на новинарските кодекси во контекст на новите етички предизвици и ќе обезбедат континуирана обука за одговорна примена на ВИ во медиумите.
Целта е да се изгради медиумски систем што ќе биде отпорен и достоен на довербата од граѓаните.
Прилогот го подготви Мики Трајковски, снимател: Марјан Шуминоски.