Бизнис планот на Советот за етика во медиумите на Македонија предвидува во иднина организацијата да биде поддржана со средства од домашните даночни обврзници, во износ не поголем од половина од годишниот буџет. Во Црна Гора, пак, најдено е законско решение – средства да се обезбедат преку фондот за медиумски плурализам, од каде одреден процент се издвојува за саморегулаторните тела во земјата. Во некои земји од Европската Унија Советите се поддржани со редовна членарина од медиумите -членки, од здруженијата на новинари или уредници, или пак со фондови од државниот буџет. На оваa тема разговараа претставници на Советите за етика во медиумите од Западен Балкан, учесници на регионален состанок во Охрид. Прилогот го подготви Мики Трајсковски, снимател Марјан Шуминоски.