Објавен прирачник „Насоки за управување со дигиталните платформи“

Заштитата на слободата на изразување и правото на информации, во време на борба со дезинформации, лажни вести, говор на омраза и теории на заговор – бара сеопфатен пристап. Заради тоа УНЕСКО, водечката агенција на ОН за заштита на слободата на изразување и правото на информации и Советот за етика во медиумите на Македонија го објасвија на македонски јазик прирачникот „Насоки за управување со дигиталните платформи“.
Овој прирачник упатува на збир должности и заложби на државите, дигиталните платформи, меѓувладините организации, граѓанското општество, медиумите, академската заедница, техничката заедница и други чинители, за да се овозможи средина каде што слободата на говор и информации се дел од сржта на процесите за управување со дигиталните платформи.
Насоките се создадени во консултација со повеќе чинители, при што се собрани преку 10.000 коментари од 134 земји во светот.
Интернет со доверба е заедничка одговорност на сите чинители, за да се одржува средина што ќе поттикнува слобода на говор и право на точни и навремени информации.
Прирачникот можете да го преземете на следниот линк:
Scroll to Top